недела, 29 ноември 2026
Најново

Вчера најголемо дневно зголемување на новозаразени во светот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вчера регистрирале најголем дневен број на новозаболени од новиот коринавирус од почетокот на пандемијата.
Повеќе од 183,000 нови случаи беа регистрирани ширум светот во неделата. Најмногу се пријавени во Бразил – 54.771 случаи, а потоа следат САД со 36.617. Повеќе од 15.400 заболени биле пријавени во Индија за еден ден.
Експертите велат дека зголемувањето на бројот на случаи може да е одраз на повеќе фактори, вклучително и повеќе тестирање, но и ширење на инфекцијата. За време на пандемијата, СЗО пријавила 8.708.008 случаи, од кои 183.020 во последните 24 часа.
Од појавата на болеста, во светот се регистрирани 461.715 смртни случаи, со дневно зголемување вчера од 4.743. Повеќе од две третини од тие нови смртни случаи се пријавени во Северна и Јужна Америка.

Поврзани вести