В.Д. амбасадорката на Америка и државниот обвинител Савески поразговарале за приоритетит

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој неодамна стапи на функцијата, денеска се сретнал со вршителката на должноста шеф на мисијата на САД во земјава Никол Варнс, со која разговарале „за приоритетите од аспект на подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство“, соопшти Обвинителството.
Никол Варнс и Ненад Савески / Фото: Јавно обвинителство

Савески ѝ се заблагодарил на Варнс за континуираната американска поддршка за унапредување на целокупниот систем за владеење на правото, а особено за функционирањето на Јавното обвинителство и за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во обвинителствата, пишува во соопштениетоновиор .
Варнс му честиташе за изборот на Савески на највисоката обвинителска функција во државата, нагласувајќи дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат реформите и активностите кои придонесуваат за јакнење на јавнообвинителскиот систем. Договорено е во следниот период поддршката да продолжи и преку обуки и размена на искуства за јакнење на транспарентноста на Јавното обвинителство.

Пронајдете не на следниве мрежи: