Случај на наводно физичко малтретирање на малолетници се истражува во Охрид, по пријава поднесена до СВР. Според пријавеното, во саботата околу 17 часот децата биле фатени во обид да украдат чоколадно млеко.
„На 09.05.2026 во 23:00 часот во СВР Охрид, лица на (45), (45) и (35), сите од Охрид, пријавија дека околу 17:00 часот нивните малолетните деца извршиле кражба на чоколадно млеко од маркет во Охрид, по што сопственикот на маркетот и едно женско лице физички ги малтретирале децата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението од полицијата.



