Газдите не смеат да ги враќаат на работа хронично болните, и во карантин се тестираат само лица со симптоми

Сите хронично болни лица се ослободени од работа, а ќе бидат и понатаму, изјави денеска министерот Филипче одговарајќи на прашање на новинарите кои се интерсираа смеат ли дел од работодавачите да ги враќаат на работа лицата со астма и други хронични заблувања.
Овие вработени се ослободени од работните обврски уште веднаш со прогласувањето на вонредните мерки поради епидемијата со новиот вирус и во нашата земја.
– Мерките даваат резултати, а и продолжуваат да важат мерките во однос на ослободување од работа и на овие хронично болни. За оние коишто не ги почитуваат, ќе интервенираат Санитарниот и здравствен и пазарниот инспекторат – нагласи министерот.
За реакциите дека на дел од патниците кои биле вратени од Франција, а сега се сместени во карантин, не им било овозможено да се тестираат на ковид-19, Филипче рече дека се тестираат оние лица кои имаат симптоми и дека ако лекарите оценат дека треба, ќе им бидат земени брисеви.
– Нема потреба од тест ако немаат симптоми – затоа е и карантин од 14 дена. Има доктори од Здравствениот дом, па кај оние лица кај кои тоа е индицирано, се земаат материјали и се прават тестови. А тие не треба сами да се тестираат – порача Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.