ГАЗДИ ПОБРЗАЈТЕ: До крајот на декември мора да се исплати К-15

За исплата на регресот за годишен одмор или познат како К-15 остана уште малку време. Роковите течат. Оваа обврска мора да се подмири до крајот на декември.
Регресот за годишен одмор е законски обврска за работодавците од приватниот сектор и се исплатува еднаш во текот на една календарска година. Право на овој надоместок имаат вработените во приватниот сектор кои работеле кај истиот работодавач најмалку шест месеци во текот на годината. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40 проценти од висината на просечната бруто плата. Износот на К-15 за 2020 година треба да се движи од 10.956 до 16.349 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.