Галатасарај го елиминира Шалке

Фудбалерите на Галатасарај, по 12 години, повторно се најдоа меѓу најдобрите осум екипи во Европа, откако во осмина финалниот двомеч беа подобри од Шалке. Галатасарј реваншот во Гелзенкирхен го доби со 3:2.

Турскиот шампион подобро г отвори натпреварот, но иницијативата не успеа да ја круниса со гол, Шалке во моментите кога беше инфериорен стигна до водство. По корнерот на Фарфан, Ховедес со глава упати удар, на топката натрча Нојштатер и го совлада Муслера. Галатасарај во финишот на полувремето направи целосен пресврт, најпрвин поранешниот играч на Шалке Алтинтоп постигна прекрасен гол, од 25 метри тој го совлада Хилдебранд, а потоа најдобриот стрелец на тимот Бурук Јилмаз помалку среќно погоди за 1:2. Со оглед ан резултатот од првиот меч, 1:1, Шалке во второто полувреме тргна во целосна офанзива, а Галатасарај својата шанса ја чекаше од контранапад. Една лоша реакција на одбраната на Галарасарај ја искористи Учида кој му асистираше на Бастос кој го израмни резултатот. Конечниот резултат го постави Булут во 95.минута од натпреварот.
Макфакс
Фудбалерите на Галатасарај, по 12 години, повторно се најдоа меѓу најдобрите осум екипи во Евр

Пронајдете не на следниве мрежи: