Ганка Цветанова и Сашко Кедев го развеаја македонското знаме во Аргентина

Македонското знаме се вееше на вториот највисок планински врв во светот. Аконкагва, највисокиот врв во Аргентина, највисок надвор од Азија, го освоија познатиот доктор Сашко Кедев и поранешната министерка за култура Ганка Цветанова.


За Кедев ова е вторпат како го освојува Аконкагва, со висина од 6.962 метри надморска височина. Цветанова, пак, не успеала да се искачи до крај, стигнала само до 6.000 метри надморска височина.
Станува збор за највисокиот врв во западната и јужна хемисфера.

Се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со чилеанската граница, односно на 15 километри од самата граница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.