Гаши: 23 Октомври нè потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред нас за слобода, достоинство и сопствена државност

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, упати честитка до сите граѓани, истакнувајќи дека овој значаен датум нè потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред нас за слобода, достоинство и сопствена државност.

Во честитката, Гаши нагласува дека нивната борба и пожртвуваност се дел од историската основа врз која денес ја градиме нашата заедничка иднина.

-Одбележувањето на 23 Октомври е можност со почит да се потсетиме на минатото, но и да ја потврдиме нашата заедничка одговорност да градиме демократско, стабилно и просперитетно општество, засновано на меѓусебно почитување, единство и европски вредности. Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано – наведува Гаши во честитката.

Пронајдете не на следниве мрежи: