Конечниот исход од сезоната во англиската Премиер лига ќе зависи од исходот на натпреварот во недела во кој Манчестер Сити е домаќин на Арсенал.
Сити и Арсенал ќе се сретнат во недела во 17:30 часот, а лондонскиот тим е лидер на табелата со шест бода повеќе од „Граѓаните“, но со натпревар помалку.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, на денешната прес-конференција јасно стави до знаење дека на неговиот тим му одговара само победа.
„Ако загубиме од Арсенал, трката за титулата е завршена. Она што е јасно е дека освојувањето на титулата во овој момент би било моето најголемо достигнување во Сити“, рече Гвардиола, додавајќи дека клучот за натпреварот во недела ќе биде како неговиот тим ментално ќе се подготви за натпреварот.
„Сè е прашање на самодоверба. Ако имаме самодоверба, тоа многу ќе ни помогне. Ако самодовербата на играчот може да се купи во продавница, јас би ја купил веднаш. Ова е клучен момент во сезоната иако имаме вкупно седум натпревари до крајот“, додаде Гвардиола.
Натпреварот Манчестер Сити – Арсенал ќе се игра во недела, со почеток во 17:30 часот, со директен телевизиски пренос на Арена Спорт.
The post Гвардиола: Ова е клучен момент во сезоната, трката за титулата е завршена ако загубиме од Арсенал appeared first on Во Центар.



