Кога Украина ќе добие западни борбени авиони Ф-16, ќе има право да напаѓа легитимни руски воени цели надвор од границите на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.
„Кај различни сојузници, има малку различни политики за ова. Но, генерално… ова е вооружена агресија на Русија против Украина со очигледно кршење на меѓународното право. И според меѓународното право, Украина има право на самоодбрана. Ова исто така вклучува и удирање легитимни воени цели – руски воени цели надвор од Украина. Ова е меѓународно право“, рече Столтенберг.
- Луис Енрике го пофали Дембеле: Учел во најдоброто училиште во БарселонаТренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го пофали Усман Дембеле по неговиот… Read more: Луис Енрике го пофали Дембеле: Учел во најдоброто училиште во Барселона
- Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор од Апелацискиот судЕдна година и седум месеци затвор е казната од Апелацискиот суд… Read more: Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор од Апелацискиот суд
- Макрон на турнеја низ Заливот бара нафта и дизел по насилните протести во ФранцијаФранцускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Кувајт во понеделник, каде што… Read more: Макрон на турнеја низ Заливот бара нафта и дизел по насилните протести во Франција
- Како да го намалите холестеролот: 5 утрински навики за здравје на срцетоВисокиот холестерол, еден од главните фактори на ризик за срцеви заболувања… Read more: Како да го намалите холестеролот: 5 утрински навики за здравје на срцето
- Хороскопски знаци кои би можеле да донесат погрешна одлука на работа оваа неделаНа работа, понекогаш е доволно само една погрешна одлука за да… Read more: Хороскопски знаци кои би можеле да донесат погрешна одлука на работа оваа недела
Во моментов не е познато кога точно Киев ќе може да гi прими авионите, повтори Столтенберг, бидејќи тоа зависи од сојузниците и одлуките во земјите. Партнерите на Украина се желни да ја пружат оваа помош што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар на НАТО.
„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти точно кога ќе бидеме подготвени или кога сојузниците ќе бидат подготвени да започнат со испраќање и испорака на Ф-16. Што порано тоа подобро. Во исто време, тоа треба да биде ефективно оружје со добро обучени пилоти, со добри системи за поддршка на располагање кога ќе го обезбедиме овој механизам на Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Пронајдете не на следниве мрежи:



