Генијален план: Кина реши да го спаси пазарот на недвижности

Кина го лансираше својот најамбициозен план досега во обид да го спаси својот пазар на недвижности, кој вклучува локалните самоуправи да купуваат непродадени куќи од инвеститори и да ги претворат во прифатливи станови, објави денеска Си-Ен-Ен.Пакетот вклучува намалување на каматните стапки на хипотеките и стапките на отплата, како и 300 милијарди јуани (околу 38,2 милијарди евра) евтини пари од централната банка за финансирање на владините набавки на непродадени средства.Минатонеделното објавување на планот дојде непосредно по состанокот во април на Политбирото, највисокото раководно тело на Кина, кое сигнализираше дека стабилизирањето на имотниот сектор стана главен приоритет за Пекинг додека се обидува да го заживее растот на неговата економија.Експертите велат дека, иако итно потребен, сегашниот пакет можеби е премал за да биде ефективен и може да има проблеми со неговото финансирање.Според Goldman Sachs, вкупната вредност на непродадените куќи, незавршени проекти и неискористено земјиште во Кина е околу 30 трилиони јуани (3,8 милијарди евра), пренесуваат медиумите.

Пронајдете не на следниве мрежи: