Германија е во рецесија, се очекува спор раст на економијата годинава

Бруто домашниот производ на Германија ќе се намали за 0,1 отсто во првиот квартал од оваа календарска година. Истражувањето на Блумберг покажа надолна ревизија во однос на очекувањата пред еден месец, кои покажаа стагнација.

Од Бундесбанката посочија и дека Германија веројатно е во шестмесечен пад, иако беше нагласено дека „не е веројатно посериозен пад“. Слично, Министерството за економија објави дека повеќето истражувачки институти „очекуваат БДП повторно да опадне во првиот квартал на 2024 година“.

„И покрај позитивните движења во индустриското производство, градежништвото и надворешнотрговската размена на почетокот на 2024 година, сè уште не е на повидок забележително економско закрепнување“, се наведува во месечниот извештај на Министерството за економија. „Ова се должи на континуираната слаба домашна побарувачка, високите финансиски трошоци и сè уште пригушеното расположение меѓу приватните домаќинства и компаниите.

Испитаниците во истражувањето на Блумберг, исто така, ја намалија својата прогноза за цела 2024 година и сега очекуваат вкупен раст од само 0,1 отсто.

Ова е во согласност со предупредувањето на Министерството дека „забележителен економски подем не се очекува до крајот на годината, бидејќи стапките на инфлација продолжуваат да опаѓаат, платите и приходите растат, пазарот на трудот останува стабилен, а стимулацијата за надворешната трговија расте“.

Пронајдете не на следниве мрежи: