Германија и Италија се договорија: ќе ги враќаат мигрантите

Берлин успеа да постигне договор со Рим мигрантите кои поднеле барање за азил во Италија,  да ги враќа од германската граница.
Хорст Зехофер, германски министер за внатрешни работи, очекува дека овој договор наскоро ќе биде и потпишан. Во Бундестагот, Зехофер изјави дека сега недостасуваат само потписите од двете страни, а за тоа најверојатно ќе бидат потребни неколку дена.
Германската Влада во август се договори со Шпанија и Грција во рок од 48 часа да ги враќа назад азилантите, кои веќе побарале азил во овие две земји.
Со овој договор е избегнат распадот на коалицијата помеѓу Ангела Меркел и Христијанско-социјалната Унија на Зехофер.          

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.