сабота, 28 ноември 2026
Најново

Германија планира да ја зголеми минималната плата на 14,60 евра на час

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германија постепено ќе ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра од сегашните 12,82 евра до 2027 година, според предлозите на владина комисија, кои беа објавени.Планирано е минималната плата по час да се зголеми на 13,90 евра на почетокот на 2026 година.Од минатата година, Германија има највисока минимална плата во ЕУ, по Луксембург, кој предвидува месечен минимум од 2.638 евра.Три други земји од ЕУ имаат национална минимална плата над 2.000 евра месечно – Белгија, Холандија и Ирска, објави Ројтерс.Овој предлог на комисијата, која е составена од работодавачи и претставници на синдикатите, мора да го спроведе германското Министерство за труд.

Поврзани вести