Германија размислува да ги повлече своите златни резерви од САД поради загриженоста за непредвидливата политика на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.Со децении, Германија чуваше околу 1.200 тони злато, приближно 30% од нејзините вкупни резерви, во трезорите на Федералните резерви на САД во Њујорк.Вредноста на тоа злато денес е околу 113 милијарди евра.Познато е дека залихите историски се чувале во странство, за Германија брзо да пристапи до долари во случај на финансиска криза, пишуваат странските медиуми , пренесува Телеграф.Но, високите функционери на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), која се очекува да биде клучен играч во формирањето на следната германска влада, се повеќе ја доведуваат во прашање оваа стратегија.„Се разбира дека случајот е повторно отворен“, вели Марко Вандервиц, поранешен министер и член на ЦДУ, кој со години бара редовни инспекции или враќање на златото во Германија.Маркус Фербер, член на ЦДУ во Европскиот парламент, се согласи: „Повикувам на редовни проверки на златните резерви на Германија. Претставниците на Бундесбанката треба лично да ги бројат златните прачки и да ги документираат резултатите“, рече тој.Инаку, Германија има втори по големина златни резерви во светот.Поголемиот дел од ова злато е акумулирано по Втората светска војна преку извозните вишоци според системот на Бретон Вудс.
Пронајдете не на следниве мрежи: