Германија од крајот на ноември ќе распореди борбени авиони Еурофајтер во Романија за поддршка на патролната мисија на НАТО, изјави денеска извор од безбедносните сили.
Истиот извор наведува дека првата група од осумдесет германски војници ќе пристигне денеска во воената база кај Констанц, каде што ќе бидат стационирани.
- Бразил бара итни одговори од Аргентина во врска со бегството на Флави Болсонаро
- Овие пет карактеристики кај жените можат особено да го привлечат вниманието на мажите
- ТРАМП: ОД ВЕНЕЦУЕЛСКАТА НАФТА ЗАРАБОТИВМЕ ДЕСЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ПОТРОШИВМЕ ЗА ВОЈНАТА СО ИРАН
- Дали знаете што значат црните точки во средината на бананите?
- Овие три хороскопски знаци се најсреќни кога ќе останат сами
Германските сили претходно ги поддржуваа патролните мисии во Романија. НАТО го зајакна своето источно крило од почетокот на конфликтот во Украина минатата година.
Пред неколку недели руските сили ги нападнаа украинските пристаништа на Дунав.
Нападите се случиле на неколку стотини метри од романската граница, а остатоците од дронот биле пронајдени во шума на територијата на Романија.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно изјави дека руските напади во близина на границата се „дестабилизирачки“, иако нема индикации дека Москва има намера да гаѓа цели во Романија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



