Германија од април ќе дозволи двојно државјанство, како и побрзо добивање пасоши за странците кои живеат таму.
Овој петок германскиот Бундестаг треба да гласа за законот за полесно стекнување германско државјанство, чии правила ќе стапат на сила во април.
- Денеска и во среда сончево и многу топло, в четврток пороен дожд, ветер и грмежиВремето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.… Read more: Денеска и во среда сончево и многу топло, в четврток пороен дожд, ветер и грмежи
- ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит од две домашни банкиВладата даде зелено светло за ново задолжување на Државни патишта. Претпријатието овој пат… Read more: ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит од две домашни банки
- Кочанчанец украл накит од 70-годишна скопјанкаКочанчанец на 18 години со физичка сила и одзел накит на 70-годишна скопјанка.… Read more: Кочанчанец украл накит од 70-годишна скопјанка
- Нови детали за Србинот што се удави на Халкидики: скокнал во морето за да спаси непознат маж, доживеал срцев ударГоран Комазец од Белград е човекот кој денеска се удави во Сарти, на… Read more: Нови детали за Србинот што се удави на Халкидики: скокнал во морето за да спаси непознат маж, доживеал срцев удар
- Овој хороскопски знак најмногу се менува кога ќе се заљубиЉубовта ги менува сите на свој начин, но според астролошките толкувања, еден знак… Read more: Овој хороскопски знак најмногу се менува кога ќе се заљуби
Не само што странците побрзо ќе добијат германски пасош, туку ќе се овозможи и двојно државјанство, што начелно беше забрането до сега.
Вака Владата на Олаф Шолц, во која освен неговите социјалдемократи, се и Зелените и либералите, ќе стави крај на децениската тешка демохристијанска логика, според која лојалноста кон Германија требаше да се докаже со откажување од претходното државјанство.
Опозицијата и натаму бесна вели дека властите сакаат да го дадат германскиот пасош за „безвреден“.
Актуелната влада се води од објаснувањето дека Германија итно треба да привлече способни работници од целиот свет, ако не сака да го прокоцка просперитетот.
– Двојното државјанство не е само економски значаен инструмент за привлекување на квалификувана работна сила, туку и задоцнето признавање на големите заслуги на луѓето со имиграциска историја во Германија – нагласува пратеникот на социјалдемократите Адис Ахметовиќ, чии родители побегнале во Германија од Босна во 1990-тите . .
Се проценува дека околу 12 милиони странци кои живеат во Германија, што е приближно половина, веќе ги исполнуваат новите поедноставени услови за државјанство.
Што се менува во правилата?
Досега, само државјаните на земјите-членки на ЕУ или на Швајцарија можеа да добијат двојно државјанство . Исклучок беа граѓаните на земјите кои не ги ослободуваат граѓаните од државјанство, како што е Мароко.
За неколку месеци и граѓаните на Македонија ќе можат да аплицираат за германско државјанство, без да мора да се откажат од македонското државјанство, што беше услов до сега.
Исто така, од април барањето за германско државјанство ќе може да се поднесува по пет години престој во земјата, наместо досегашните осум.
Во посебни случаи, барањето може да се поднесе веќе по три години. На пример, ако некој покаже исклучителен напредок во јазикот, на работа или на училиште, или се вклучи во волонтирање во некои организации.
Децата на имигрантите родени во Германија автоматски ќе добијат државјанство доколку нивните родители живеат во земјата најмалку пет години. Ова важи и за децата бегалци.
Генерацијата на стари гастарбајтери, кои во педесеттите и шеесетите заминаа во Западна Германија, нема да мора ни да полагаат јазичен тест, доволно е да се комуницира на германски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



