Вајдел најавува излегување на Германија од ЕУ доколку АфД дојде на власт
Претседателката на Алтернатива за Германија ( АфД ), Алиса Вајдел денеска изјави дека, доколку таа партија дојде на власт, ќе се заложи за референдум за членство во Европската унија, по моделот на Брегзит.
- САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ ОД САУДИСКА АРАБИЈА: Ракетни напади врз аеродромите, Вашингтон предупредува на нагла ескалацијаАмериканскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот персонал кој не извршува итни функции и… Read more: САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ ОД САУДИСКА АРАБИЈА: Ракетни напади врз аеродромите, Вашингтон предупредува на нагла ескалација
- (Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорностОпштина Чаир организираше посебна вечер посветена на Розовиот октомври, меѓународниот месец за подигнување на… Read more: (Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорност
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на ВучиќПотпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ, обвини дека се… Read more: Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гасШефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди дека ако Израел повторно го нападне Иран… Read more: Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гас
- Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказПартијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека арапските партии ги „украле“ изборите… Read more: Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказ
„Тоа е модел за Германија“, изјави Вајдел за „Фајненшл тајмс“.
Таа додаде дека АфД ќе се обиде да ја реформира Европската унија и да го отстрани нејзиниот „демократски дефицит“, вклучително и ограничување на овластувањата на Европската комисија, за која вели дека претставува „неизбрана извршна власт“.
„Меѓутоа, ако реформите не се можни, ако не успееме да го вратиме суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, треба да го оставиме народот да одлучи, исто како што направи Велика Британија. И би можеле да имаме референдум за Дексит – излегување на Германија од ЕУ. – изјави Вајдел.
Германскиот устав поставува строги ограничувања на националните плебисцити, па дури и да се одржат, анкетите покажуваат дека огромното мнозинство Германци би гласале за останување во ЕУ, пишува весникот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



