Германија ќе набави повеќе воени бродови „Ф127“

Германија ја разгледува можноста за купување на три воени бродови „Ф127“ повеќе од претходно предвидените, вклучувајќи осум борбени системи „Егис“ произведени од американскиот одбранбен гигант „Локид Мартин“, изјави денеска воен извор за Ројтерс.

Претходно, Берлин размислуваше за купување на пет фрегати за воздушна одбрана „Ф127“, кои треба да ја заменат постарата генерација фрегати „Ф124“.

Министерството за одбрана во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.

Претходно, во декември буџетскиот комитет на германскиот парламент ги одобри првите средства како подготовка за проектот.

Во септември 2024 година, одделот за изградба на поморски бродови на „ТисенКруп“, ТКМС, и приватната група НВМ основаа заедничко претпријатие за изградба на новите фрегати, а портпаролот на ТКМС одби да коментира.

Пронајдете не на следниве мрежи: