Германската песна за Евровизија под истрага дека е плагијат на „Еуфорија”

Германската песна за Евровизија „Глориус” на групата „Каскада” е под истрага откако се појавиле обвинувања дека е плагијат на минатогодишната победничка песна „Еуфорија” на швеѓанката Лорин.

Државниот бродкастер NDR соопшти дека комисија ќе ја преслушува песната за да утврди дали има елементи на плагијат.
 Германскиот претставник на Евровизија „Каскада” со „Глориус” беше избран во четвртокот.
 Портпаролот на NDR, Ирис Бентс, вели дека ќе ги објави резултатите од тоа дали има вистина во обвинувањата за плагијат.
 „Секоја година има обиди за креирање скандали околу натпреварот за песна на Евровизија и учесниците. Техно-поп песната „Еуфорија”, која победи на натпреварот во 2012 година со неверојатни 372 поени, исто така беше обвинета дека е плагијат на францускиот DJ Дејвид гета и на поп пејачката Ријана”, вели Бентс.
 Продуцентите на „Глориус” ги отфрлија обвинувањата, а понудија и да ги споредат песните за да докажат дека се две различни.
 Но, според фонетичарите кои ги цитира Bild am Sonntag, двете песни се апсолутно идентични на почетокот.
 Евровизија, годинава се одржува во Шведска, во Малме на 18 мај.
Макфакс
Германската песна за Евровизија „Глориус” на групата „Каскада” е под истрага откак

Пронајдете не на следниве мрежи: