Германската полиција објави интересен оглас: Бараат луѓе кои го забележуваат тоа што другите не можат да го видат

Некои луѓе го забележуваат она што другите не го гледаат и се сеќаваат речиси на сè. Полицијата во Северна Рајна Вестфалија бара такви кандидати кои ќе поминат низ специјална обука, а потоа ќе работат на идентификување на осомничените.
Според провинцискиот министер за внатрешни работи Херберт Ројл, полицијата сака да ангажира до 1.000 таканаречени супер-забележувачи.
Провинциското Министерство за внатрешни работи започна пилот проект во шест полициски центри за пронаоѓање и тестирање на службеници со талент за забележување лица, движења и детали. Идејата е полицијата да може некому да му довери задача да забележува и препознава луѓе во тешки услови.
Пред седум години, Северна Рајна-Вестфалија позајми шест такви полицајци од Велика Британија за да помогнат во идентификувањето на осомничените за новогодишните напади во Келн.
Во меѓувреме и самите ангажирале неколку супер-препознавачи. Полицискиот магазин „Straif“ неодамна ја претстави 42-годишна вработена со аутизам која самата го опишала процесот на препознавање.
„Во текот на истрагата се чувствувам како да сум во тунел. На излезот го забележувам секој, дури и најмалиот детаљ, што вообичаено секој лесно би можел да го пропушти – изјави службеничката, вработена во одделот за истражување на детска порнографија.
Конкурсот за лица со вакви вештини го објавија центрите на Дортмунд, Есен, Дизелдорф, Келн, Бохум и Зиген-Витгенштајн. Огласот е отворен за сите полицајци во тие градови. Софтверот за тестирање го обезбедила берлинската полиција.
„Супер-забележувачите го гледаат она што другите не го гледаат. Помалку од два отсто од луѓето ја имаат таа способност, па меѓу 58.000 полицајци во покраината може да има околу 1.000. Сакаме да ги најдеме тие луѓе и да го развиеме нивниот талент“, рече Ројл.
Овие луѓе се од непроценлива вредност во полициското работење, додаде Ројл, бидејќи „тие буквално можат да најдат игла во стог сено“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.