Германската фудбалска репрезентација одлучи да го финансира превозот за 600 свои навивачи кои ќе присуствуваат на последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство против Еквадор.
Оваа одлука е донесена откако цените на билетите за воз од Менхетен до стадионот „Метлајф“, каде што ќе се игра натпреварот, нагло пораснаа.
Според странските медиуми, цената на превозот скокнала од помалку од 13 долари на повеќе од 150 долари, што предизвикало големо незадоволство кај навивачите. По бројните критики и реакции на јавноста, цените потоа биле намалени на 98 долари, но сепак останале значително повисоки од вообичаеното.
За да им го олеснат присуството на своите навивачи на натпреварот, германската репрезентација, предводена од Џошуа Кимих, одлучи да ги покрие сите трошоци за автобуски превоз.
Така, 600 германски навивачи ќе патуваат бесплатно на натпреварот, а трошоците нема да ги сносат тие, туку играчите на германската репрезентација.
Овој потег беше дочекан со широки пофалби на социјалните мрежи, каде што навивачите истакнаа дека репрезентативците покажале благодарност до луѓето што ги следат низ целиот свет.
Германија ќе игра клучен натпревар од групната фаза против Еквадор, а поддршката од трибините би можела да игра значајна улога во борбата за место во нокаут фазата на Светското првенство.
The post Германската репрезентација го финансираше превозот на 600 навивачи на натпреварот од Светското првенство appeared first on Во Центар.



