Германскиот извоз на работна пропаст: Автомобилите и автоделовите посебно на удар – еве што се случува

Германскиот извоз во САД е под силен притисок поради царинската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ова јасно се одрази во резултатите во првите три квартали од 2025 година, според извештајот објавен денес од Институтот за германска економија (IW).

Во просек, германскиот извоз во САД се намали за 7,8 проценти во споредба со истиот период од претходната година, додека во споредбениот период од 2016 до 2024 година, тој забележа просечен годишен раст од речиси пет проценти.

Најголем пад е забележан во секторите за автомобили и автоделови, машини и хемиски производи, кои заедно сочинуваат повеќе од две петтини од германскиот извоз во Соединетите Американски Држави. Само овие три индустрии го намалија вкупниот германски извоз на американскиот пазар во првите три квартали од 2025 година за повеќе од 5,2 процентни поени, што претставува повеќе од две третини од вкупниот пад.

Извозот на автомобили и автоделови беше особено погоден поради високите царински давачки, па затоа во тој сектор е забележан пад од 14 проценти на годишно ниво. Извозот на машини се намали за 9,5 проценти на годишно ниво, делумно поради царината од 50 проценти за челик, алуминиум и производи направени од овие метали.

Спротивно на тоа, германскиот извоз на фармацевтски производи и сродни производи во Соединетите Американски Држави забележа раст благодарение на претходните испораки, можното пренасочување на трговијата и фактот дека тие беа ослободени од американските царини подолго од другите производи.

Во неколку клучни индустрии, германскиот извоз во САД се врати на нивоата од 2022 година, па дури и на нивоата од почетокот на 2019 година, се наведува во извештајот.
The post Германскиот извоз на работна пропаст: Автомобилите и автоделовите посебно на удар – еве што се случува appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: