Германските војници го напушија Гренланд неколку часа откако Трамп се закани со царини

„Билд“ известува за ненадејното заминување на германскиот воен персонал кој пристигна во Гренланд само 44 часа по нивното пристигнување на арктичкиот остров, вклучувајќи фотографија од аеродромот.

Сепак, вчера Берлин соопшти дека 15-те воени лица ќе останат во Гренланд подолго од првично планираното.

Според германскиот весник, одлуката е донесена денес, недела, наутро без да им се даде никакво објаснување на војската.

Наредбата била едноставна „вратете се назад“, пишува „Билд“, додавајќи дека сите планирани средби на Германците во Гренланд за денес се откажани еден по еден.

Сепак, засега останува нејасно дали одлуката на Берлин е поврзана со заканите на Трамп, вчера во сабота, за воведување царини за 8 европски земји – вклучувајќи ја и Германија – кои испратија воен персонал на Гренланд, или е поврзана со други причини.

Пронајдете не на следниве мрежи: