Германските ги демантираат американските научници: Сончањето не помага при коронавирусот

Изложувањето на сончева светслина не помага при лекувањето на болеста Covid-19 предизвикана од новиот тип коронавирус, ниту ја спречува инфекцијаа, објави една германска агенција во петокот откако претходно американските експерти кои наведоа меѓу другото дека вирусот побрзо се уништува на сончева светлина и зголемена температура
„Ултравиолетовото зрачење може да доведе, меѓу дтурогот, до сузбивање на одговорот на имунолошкиот систем“, тведи портпаролката на германското Сојузно биро за заштита од радијација (BfS).


„Болните не смеат да се изложуваат на најсилното сонце, за која и да е болест да станува збор“, додаде портпаролката.
Истакна дека и претераното сончање го зголемува ризикот од појава на ракот на кожата и истакна дека нејзината агенција не препорачува „долго незаштитено престојување на сонце“.
Меѓутоа, нејзините забелешки не се точно толкување на она што го зборуваше американскиот претседател Доналт Трамп, па и неговите советници во Белата куќа во четвртокот, кога зборуваа за потенцијалните идеи за уништувањето на коронавирусот.
Бил Брајан, шеф на научно-технолошкиот оддел на американското министрство за внатрешна безбедност, ги претстави резултатите од истражвуањата на американските научници кои полажуваат меши другото дека коронавирусот значително помалки преживува во летни услови при високи вредности на температурите и влажноста на воздухот, како и УВ индексот.
„Се надевам дека луѓето ќе уживаат на сонцето, а доколку тоа ќе има влијание (врз коронавирусот) тоа ќе биде одлично“, рече Трамп.
„Оние кои веруваат дека сочевите зраци може да го убијат вирисот и така да го излекуваат Covid-19 грешат“, објавија од BfS пред неколку дена, и покрај тоа што многу светски авторитети во вирологијата тврдат дека со зголемувањето на температурите ја намалуваат силата на вирусите, вклучително и на новиот коронавирус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.