Героски отиде во СДСМ, но не го пронајде обезбедувачот кој му се заканувал

Новинарот Бранко Героски, доскорешниот главен и одговорен уредник на „Слободен Печат“, како што најави синоќа, претпладнево пристигна во седиштето на СДСМ, но не го пронајде обезбедувачот на Бихаќка, извесен Борче Гиноски, кој наводно му се заканувал на социјалните мрежи дека „ќе го бања во Вардар“, објави “Фактор“.
– На средбата со лицата во СДСМ утврдивме дека не постои таков човек вработен како обезбедување. Не е се уште потврдено дека таква личност не е член на партијата, но добив се што требаше за да видат дека не се работи за обезбедување. Сега ми преостанува законски и процедурално да барам заштита од институциите – рече Героски пред новинарите.
Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, наведе дека на Героски му било докажано дека извесен Борче Гиноски не работи во обезбедувањето на партиското седиште.
– Таков вработен немаме евидентирано. Сега се што ни останува е да ја пребараме базата на членството и да видиме дали таму има такво име. Доколку постои такво нешто, ние ќе постапиме според статусот. СДСМ е одговорна партија и никогаш не одобрува закани кон било кој граѓанин, особено со насилство кон медиумско лице – наведе Костадинов

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.