четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ги брка комарците и мириса прекрасно: Направете природен спреј од 2 состојки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако летото го минувате во природа, веројатно користите некои од средствата за одбивање на комарци. Сепак, средствата кои се природни и кои се направени дома се секогаш подобар избор.

Истражувањата покажале дека витаминот Б1 (тиамин) кој е растворлив во вода може да биде одлична одбрана од комарците. Се наоѓа во зелката, брокулата, спанаќот, тиквичките, модриот патлиџан и семките од сончоглед, а ако неговото ниво во телото е високо, на комарците ќе им мирисате многу непријатно и нема да ве напаѓаат.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

А еве го рецептот за домашно средство против комарци.

Потребни ви се само две состојки – јаболков оцет и свеж магдонос.

Во сад ставете шака исечкан магдонос, додадете 100 мл јаболков оцет и добро изгмечете го магдоносот во оцетот.

Оставете да отстои неколку часа, процедете ја течноста и ставете ја во шишенце. Ако миризбата ви е непријатна додадете неколку капки есенцијално масло по ваша желба и вкус.

Испрскајте од течноста по телото пред да излезете надвор, а меѓу употребата, средството чувајте го во фрижидер.