Ивон Бар е модел која ги користи своите џиновски гради како полици, и заработува милион евра годишно врз основа на нив.
Ивон Бар од Германија, модел која живее и работи во Дубаи, инвестирала 55.000 евра во својот физички изглед. Сепак, не се кае, бидејќи огромните гради во кои вложила најмногу , како што тврди, ѝ донеле многу повеќе. Благодарение на нив, заработила милиони евра. Иако многумина би помислиле дека барем прави стриптиз во некој клуб, оваа привлечна црнкиња е категорична дека заработила многу пари без да се разголи.
Нејзините гради служат како полица
Големите гради се товар за некои дами, а Ивон ги направила за да биде забележана каде и да се појави. Оваа манекенка ги користи своите огромни гради како импровизирана полица и носи чаши полни со кафе, овошје, па дури и запалени свеќи на неа.
За тоа, открива таа, е платена многу добро.
Моите обожаватели можат да бидат многу имагинативни – вели моделот.
– Добивам стотици пораки каде што луѓето ме замолуваат да балансирам работи на градите за пари – тие се како полица. Толку се големи што не ми се гледаат прстите на нозете, но се совршени за држење шолји за кафе, овошје и свеќи, призна Ивон.
Многу од барањата, вели Ивон, се доста забавни, и признава дека е импресивно што може да држи на градите како да се полица. Таа признава дека инвестирала многу пари во промена на својот физички изглед , но исто така не крие дека заработила вистинско богатство благодарение на своите гради.
Ивон првично имала намера да стане жената со најголеми гради во светот . По четири операции, таа сфатила дека постои начин да ги врати инвестираните пари и да ја обезбеди својата финансиска иднина благодарение на гигантските гради.
Моите гради заработуваат околу милион евра годишно, тоа е мојот главен извор на приход. Доста сум задоволна од нивната големина. Но, кога ќе одлучам да се откажам од оваа работа, сигурно ќе ги намалам – вели Ивон.
Таа признава дека луѓето не го тргаат погледот од неа каде и да се појави, што, на крајот на краиштата, била нејзина цел пред да оди кај пластичен хирург за прв пат, пишува The Sun.
Сепак, не е сè во нејзиниот живот „мед и млеко“. Таа признава дека многу тешко ѝ е да најде соодветна облека, а уште потешко ѝ е да одговори на негативни коментари од странци кои не се двоумат да ја навредат и понижат поради нејзиниот физички изглед. Ова е она со што најчесто се среќава во родниот Франкфурт.
– Имам проблем дури и кога одам во теретана; сите ме гледаат, како моето тело да ги вознемирува. Во Франкфурт, странците на улица отворено ми кажуваат колку ужасно изгледам. Од друга страна, во Дубаи е друга приказна, тука сите ме прифатија и луѓето ме сакаат токму затоа што имам огромни гради. Што и да носам, не е важно, секогаш изгледам привлечно и секси – вели Ивон.
Иако многумина би помислиле дека се ближи денот кога оваа привлечна црнкиња ќе оди кај пластичен хирург – овој пат за да ги намали градите, таа вели дека тој ден е далеку.
– Почесто размислувам за дополнителни пластични интервенции. Секогаш има простор за подобрување на физичкиот изглед – вели Ивон.
The post Ги користи своите џиновски гради како полици: Заработува милиони со своите бујни гради, но никогаш не се соблекувала (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



