Главоболката нов и најчест симптом на Ковид 19

Главоболката е најчестиот симптом на корона вирусот кој се јавува кај заболените пациенти, открило новото истражување.
Експертите велат дека 62 отсто од луѓето, кои имале најразлични тегоби помеѓу кои главоболка биле првите знаци на Ковид 19, и токму поради тоа главоболката се смета за најчест симптом на овој вирус.
Затнат нос е на второ место, а овој симптом се појавил кога повеќе од половина луѓе кои пријавиле било какви симптоми пред да направат текст и кога им е потврдено дека се позитивни на Ковид 19.
Точно една третина од заболените искусиле проблем со варење на храната, односно дијареа, пренесува британски „The Sun“.
Истражувањето на Колеџот Империјал во Лондон исто така открива дека губењето на вкус или мирис е почест симптом од кашлањето.
Научниците исто така откриле дека само 3 од 10 личности кои биле позитивни на корона покажуваат било какви симптоми.


Резултатите се основани на податоците од 120.000 волонтери од Велика Британија кои се лечеле од Ковид 19 во месец мај.
Официјални симптоми
Што се однесува до симптомите на официјалниот список кој го објави Националната здравствена служба, еден од пет пациенти кои ги појавиле симптомите имале температура, додека 23 отсто страдале од кашлица. Симптомот на губењето мирис и вкус го имале 30 отсто луѓе.
Истражувањата од Кинг Колеџот од Лондон, барале на листата официјални симптоми да се додаде и осипот на кожата.
Во одвоеното истражување спроведено од страна на компанијата Zoe Global Ltd, откриено е дека 8,8 отсто од луѓето кои биле позитивни на Ковид 19 исто така појавил осип на кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.