Водителката на телевизијата “Fox” постојано добивала коментари на нејзината Фејсбук страна дека има дебели нозе, па затоа одлучила јавно да одговори на еден од ваквите “комплименти”.
“Драга Џенис, те молам престани да им допушташ на луѓето од “Fox” да те облекуваат во тие кратки здолништа. Тие воопшто не ти прилегаат. Ти си атрактивна дама и ја обожувам твојата фризура од 80-тите, но твоите нозе го одвлекуваат вниманието секој пат кога ќе се појавиш на екранот”, ѝ порачала гледачката Џо Ен, на чиј коментар одговорила самата Џенис.
“Здраво Џо Ен, “Fox” не ме облекува, сама ја бирам својата облека. Жал ми е што не ти се допаѓаат, јас сум благодарна за нив бидејќи имам со што да одам”, ѝ одговорила таа и додала дека секогаш може да го промени својот канал доколку ја навредуваат нејзините огромни нозе.
“Се надевам дека нема да ти смета. Можеби ќе ја споделам твојата објава со сите на мојата Фејсбук страница. Сè најдобро, Џенис”, заклучила таа, а нејзината објава за кратко време станала вирална.



