Говорот на колешката ги расплака сите на комеморацијата на Дивна Карлеуша

Во “Камената сала“ на РТС водителка Јелена Петковиќ одржа потресен говор на комеморацијата на Дивна Карлеуша.
„Драги пријатели, драги соработници, драги приврзаници на ликот и дел од Дивна Карлеуша, би сакала да ви се заблагодарам што дојдовте денес. Денес во 15:20 часот на Новите бежански гробишта ќе ја испратиме Дивна, а семејството ќе прима сочувство од 14:30 часот во капелата – низ солзи го почнала говорот нејзината колешка.
„Многу ми е тешко, бидејќи ние научивме толку многу од неа. Ја нема повеќе нашата Дивна. Во неделата попладне сите не изненади од оваа трагична вест. Јас се уште мислам дека тоа е само грд кошмар од кој ќе се разбудам. Како може светот да дозволи да замине некој кој бил толку голем, добар, искрен, некој кој бил борец, жена која победила во сурова борба со  животот? Каде заминуваат сите тие прекрасни луѓе како Дивна? Нели се доволно исполнети овие небесни простори со сите овие чисти души? Кога некој ќе каже дека е доволно?“ – со овие зборови, скршена од болка, Јелена Петковиќ се прости од Дивна Карлеуша.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK