Најмалку 13 лица загинаа во страшен пожар што зафати неколку облакодери во Хонг Конг l, а спасувачите сè уште се обидуваат да стигнат до луѓето кои беа заробени во зградите!
До 17:00 часот по локално време, седум лица беа префрлени во две болници на лекување, се вели во соопштението.
Првично, од донесените, четири лица беа прогласени за мртви, две лица беа во критична состојба, а едно лице беше во стабилна состојба.
Сепак, тој број се зголеми на 13.
Cнимките од станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“, во Таи По, Хонг Конг, покажуваат чад како се издига од станбените кули.
Според властите, пожарот зафатил три кули, а станува збор за станбен комплекс од 2.000 единици во осум згради.
Причината за оваа трагедија сè уште не е позната, но се претпоставува дека се проширила преку бамбусови скелиња на надворешната страна на зградите.
Пожарникарите се борат да го локализираат пожарот.
The post ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СТАНБЕНА НАСЕЛБА! Се бројат мртвите, горат облакодерите во Хонг Конг, страшните пламени зафатија неколку згради! (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



