сабота, 14 ноември 2026
Најново

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВЕЧЕРВА: Во овој македонски град по силниот дожд поплавени се сите улици

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Грмотевици, град, силен дожд и ветер ги зафати неколку села во општина Теарце во Тетовско попладнево околу 18 часот. Во Лешок, Слатино и Теарце жителите сведочат за интензивно невреме во траење од повеќе од половина час.


-Почна со дожд и ветер, што се засилија, па започна град да паѓа. Поради многу дожд водата се насобра на улиците, некаде со кал, а некаде поројно се движеше по улиците, информираат жителите на Слатино.
Во тетовската полиција засега нема пријавено повредени лица, поголеми проблеми или оштетување на имоти.

Поврзани вести