Голем пожар вечерва во Велес, гори фабриката „Мирана“

Голем пожар вечерба беснее во фабриката од прехранбената индустрија „Мирана“ во Велес, а огнот и чадот се видливи оддалеку.

Интервенираат велешките пожарникари, а според информациите, напомош им пристигнуваат и колеги од соседните општини. Тие се борат не само со огнот, туку и со ветерот, кој им ја отежнува работата.

Ситуацијата дополнително ја отежнува ветрот кој го разгорува огнот, а граѓани од околните населби се жалат на густ чад и неподнослива миризба.

Засега нема информации за евентуални повредени во големиот пожар. Непријатна миризба на чад се чувствува во целиот град.

Пронајдете не на следниве мрежи: