Голем скок на бројот на новоинфицирани во Србија

Во последните 24 часа, во Србија тестирани се 6.428 лица за коронавирус, а од нив 245 биле позитивни, додека едно лице починало.  Вчера во Србија беа откриени 152 новоинфицирани лица, што е скок за 100 лица за само еден ден.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Бастут“, во болниците низ Србија на реаспиратор се наоѓаат 22 пациенти, а уште 80 лица се хоспитализирани, што е најголема бројка од 2 септември.
Епидемиологот и член на кризниот штаб, д-р Предраг Кон, за РТС изјави дека коронавирусот покажува дека го зголемува својот потенцијал, но дека „бројот на нови случаи се израмнува на повисоко ниво“.
Тој посочи дека е неблагодарно да се лицитира со бројот на нови случаи, како и дека е важно да се забави ширењето на инфекцијата за да опстане здравствениот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.