Голманот на Барса се соочува со супензија на пет средби

 Веднаш откако судијата Мигел Анхел Ласа го означи крајот на дербито помеѓу Реал и Барселона, голманот на Каталонците Виктор Валдес му објаснил што мисли за неговата одлука да не досуди пенал за Барса.Серхио Рамос во 92.минута направи прекршок врз Адријано во казнениот простор, но Ласа не свирна пенал.Главниот судија на овој меч, Ласа, во извештајот по натпреварот напишал дека Валдес му викал: „Треба да се срамите, вие немате срам. Вие сте срам!“. Поради овие зборови судијата на Валдез му додели црвен картон.Голманот на Барселона се соочува со драстична казна поради таквото однесување, а според шпанските медиуми тој ќе биде суспендиран на најмалку пет натпревари.
Макфакс Веднаш откако судијата Мигел Анхел Ласа го означи крајот на дербито помеѓу Реал и Барселона, голманот на К

Пронајдете не на следниве мрежи: