Гонсало Рамос покажа зашто е Роналдо резерва – прв со хет-трик во Катар! (ВИДЕО)

Гонсало Рамос, изненадувањето на Фернандо Сантош да биде стартер и Кристијано Роналдо да седи на клупа, покажа вечерва зашто е прв избор, зашто стигна до хет-трик вечерва против Швајцарија.

Рамос стана првиот фудбалер на СП во Катар кој успева да даде хет-трик, а интересно Роналдо сѐ уште нема ни еден гол на Мундијалите во елиминациската фаза, за разлика од Рамош кој веќе даде три.

Младиот Рамос го отвори мечот од првиот шут во 19-та минута, па погоди брзо по стартот за 3-0 и даде петти гол после повеќе од еден час за петтиот гол на Португалија.

Дали е ова најава дека Сантош ќе го остави Роналдо на клупа и за четвртфиналето?

Пронајдете не на следниве мрежи: