Горда мајка: Родила 4 бебиња во една година

Жена од Вест Палм Бич, САД, минатата година родила две двојки близнаци, јави телевизискиот канал ВПТВ.
Имено, во март минатата година Александрија Волистон родила две момчиња – Марк и Малакај. Три месеци подоцна таа направила тест и прегледот установил дека не само што повторно е бремена, туку и повторно носи близнаци.

Така, на 27-ми декември се родиле и другите две синчиња – Кејлон и Кејлеб. Волистон ја има и тригодишната ќерка Армани. Таа добро ја подготвила за многудетно семејство, „бидејќи била палава колку за две деца“, како што вели гордата мајка.
-Близнаците се мојот џек-пот, вели таа.
Жената неодамна дознала дека и двете нејзини баби барем еднаш загубиле близнаци при породување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.