Горивата од полноќ сепак поскапуваат, еве и колку

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден денар до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар.
Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот ќе биде 34,849 ден/кг.
Поскапувањето на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.