Горивата пак ќе поевтинат

И покрај едно од најголемите намалување на малопродажните цени на горивата во последните години кое се случи во понеделникот благиот раст на цените во последните 3 дена, нафтата и натаму е на ниво кое ни гарантира ново намалување на цените. Очекуваме тоа да се случи на 26 ноември кога Регулаторната комисија ќе ја прави новата корекција.
Во моментов барел нафта од типот “брент” на берзата во Лондон се продава за 67,5 долари, што е за нешто помалку од 5 долари поевтино од просечната цена врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот ги формираше малопродажните цени. Најниска цената беше во вторникот, кога за само еден ден се спушти за цели 5 долари по барел до нивото од 65,5 долари. Од среда до денес нафтата поскапе за околу 2 долари, но тоа и натаму е цена под просекот која гарантира пониски цени на горивата во малопродажба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.