Гори депонија во близина на Арачиново

Преку Едиствениот број за итни повици Е-112 добиена е пријава за пожар на запалена депонија во с. Арачиново на излез на Арачиново према Грушино, извести вечерва Центарот за управување со кризи.

За настанот алармирана е скопската противпожарна бригада.

– Во 21:55 часот остваривме контакт со БППЗ Скопје во врска со пријавата за пожарот во Арачиново. Од страна на дежурниот бевме информирани дека пожарот е активен веќе 10 дена, а во моментот се чека нова пријава за негово ширење, по што би се пристапило кон повторно гасење, велат од ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: