Гори руска фабрика за метал, еден пожарникар загина, двајца повредени

Ноќеска во фабриката за метал “Електроцинк“ во Владикавказ, на југот на Русија, избил пожар кој зафатил 4,500 метри квадратни, јавува “Тас“, повикувајќи се на руското Министерство за вонредни состојби.
Гаснејќи го пожарот еден пожарникар загинал, а двајца се повредени. За среќа никој од вработените во фабриката не е повреден, пренесува руската агенција.
“Електроцинк“ е една од најголемите фабрики за метал во Русија, има 1.800 вработени и се бави со преработка на метали и хемиски смеси, додава “Тас“.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.