четврток, 12 ноември 2026
Најново

Гостин во њујоршки ресторан во оброкот нашол бисер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во познатиот њујоршки ресторан „Сентрал Ојстер Бар“, Рик Антош – инаку чест гостин таму, во својата чорба од остриги пронашол бисер.
За „Њујорк Пост“ 66-годишниот гурман раскажува дека веднаш кога го почнал својот оброк од 14,75 долари, во устата почувствувал мал тврд предмет. Отпрво помислил дека тоа е заб, но за среќа, тоа било бисер.


– Веќе 28 години работам овде, а ова ни се случува вторпат. Дневно, ние продаваме над 5.000 остриги, изјави извршната директорка на угостителскиот објект и писателка, Сенди Ингберг.
Антош пак, одлучи да го задржи бисерот од школка и вети дека и натаму ќе доаѓа во ресторанот, надевајќи се дека ќе најде уште некој бисер.

Поврзани вести