Готово било, за месец дена паѓала Владата на Таче. Нова беседа на Мицковски на иста тема

Мицковски пак со истата мантра која одлично му поминува пред за позиции и фотељи гладната клиентела:

Колку треба да си забеган за да вериваш во приказна која се повторува повеќе од 6 години на секои месец, максимум два…

– Апсолутно остануваме на барањето за предвремени извори, за да може да тргне земјата напред. Да се обединиме околу тоа и да поддржиме предвремени избори најдоцна кон средината или втората половина на мај. Имајќи го предвид карактерот на ДУИ и СДСМ, опструираното судство и обвинителство, методите на кои се подготвени за да ги задржат фотелјите, не би одел со имиња. Ценам дека ова што нас нѐ охрабрува и нивните позиции за предвремени избори ќе додржат до крај и кон крајот на јануари, најдоцна почетокот на февруари ќе изгласаме распуштање на Парламентот, средината на февруари формирање техничка влада и избори втората половина на мај

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.