Го врзале градоначалникот за камион и го влечеле по улици- причината е неисполнето предизборно ветување

Во Мексико се уапсени 11 лица откако градоначалникот на мексиканската држава Чиапас, Хорхе Луис Ескандон Ернандес беше врзан за камион и влечен по улиците.
Уапсените го извлекле градоначалникот од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле низ улиците затоа што, наводно, не го исполнил предизборното ветување дека ќе ги поправи локалните патишта.

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот беше нападнат од земјоделци.
Ескандон Ернандес многу брзо беше ослободен од локалната полиција без да претрпи сериозни повреди.
Тој најави дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.