Го имитирал Клинсман, за малу ќе останел парализиран

Напаѓачот на англискиот фудбалски нисколигаш, 27-годишниот Денис Сволс за малку ќе останел парализиран откако го прославил постигнувањето гол обидувајќи се да го имитира славниот германски интернационалец Јирген Клинсман кој своите погодоци во лондонски Тотенхем ги прославуваше фрлајќи се на гради и лизгајќи се по теренот.Откако постигнал победнички гол во последната минута од натпреварот, Сволс се обидел да го стори истото што го правеше Клинсман меѓутоа при падот тешко го повредил ‘рбетот и повеќе никогаш нема да игра фудбал.
Сепак, може да биде среќен што остатокот од животот нема да го мине во инвалидска количка. По падот Сволс речиси десет минути неподвижно лежел на тревникот по што итно бил пренесен во болница. Операцијата траела повеќе од шест часа и лекарите успеале да го спасат, но неговата кариера е завршена.„Бев психички уништен. Играв во животна форма, а ова несреќно прославување сѐ му уништи. Но сега сфатив дека добив нова можноста за живот”, изјави за локалните медиуми 27-годишното момче.
МакфаксНапаѓачот на англискиот фудбалски нисколигаш, 27-годишниот Денис Сволс за малку ќе останел парализиран откако го

Пронајдете не на следниве мрежи: