Меси со уште еден рекорд, го надмина Пеле по број на асистенции во нокаут фаза на СП

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси запиша нов рекорд во историјата на Светските првенства како прв кој успеал да собере пет асистенции во нокаут фаза на Мундијалите, надминувајќи го најголемиот Бразилец на сите времиња – Пеле.

Пеле досега беше рекордер со четири асистенции во елиминациите, а Меси вечерва блесна со чудесно додавање за Молина за гол на Аргентина за водство против Холандија. За Меси ова е петта асистенција во нокаут фазата, а вкупно седма на Мундијалите.

Инаку тој е прв и единствен кој успеал да запише асистенција на пет Мундијали по ред.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.