Го носите ВМРО во бездната на заборавот и омразата!

Оние идеолошки потковани и учени вмровски деца, кои растеле со книгите за Гоце Делчев и Дамјан Груев се нарекувани неподобни, предавници, бугарски слуги и тие не биле поимот за ВМРО. Тие биле предавници кои одработувале за некои туѓи интереси според нив и нивната логика. Тие ја донеле Македонија до бездната од која нема назад. Тие не биле никогаш ВМРО, тие не знаеле што значат буквите Вмро.
Оние пак другине “вмровци” кои веруваат во приказните за Армакедон, Зета Македонија, каменот од Розета, во приказните дека Исус бил македонец, кои плукаат и оцрнуваат чиста душа како Отец Партение денеска се сметаат за најголеми херои и патриоти,тие требало да го носат новото Вмро. Да, ќе го носите, ама во бездната на заборавот и омразата, каде што секој човек ќе ги мрази и преколнува буквите ВМРО и тие букви ќе им асоцираат на монтирани случаи, играње со човечки судбини, криминал и кражби на народни пари.
На луксуз, на богатење на грбот на сиромашниот македонски граѓанин. А тие четири букви се свети букви со кои треба да се идентификува Македонија, тие букви се одлика на вечна борба за слобода и независност, за човечки правдини, за подобро утре и светла иднина. Демохристијанството наспроти секташтвото. За жал, овие вториве се во убедлива предност, закачени на руска локомотива и итаат кон заборавот и изолираноста.
Фејсбук статус на Анета Лозеска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.