Го откажа ли Меј гласањето за Брегзит, како што јави Би-Би-Си?

Би-Би-Си јави дека британската премиерка Тереза Меј го откажа гласањето во Долниот дом на Парламентот во Лондон за Договорот за Брегзит, што беше предвидено за утре. Иако британскиот јавен радиодифузен сервис веќе јави дека два извори во Владата информирале дека гласањето е откажано, сепак се огради дека тоа се уште не е официјално потврдено.
Лондонски “Сандеј Тајмс“ вчера објави дека се очекува ​​Меј да го одложи утрешното гласање во Парламентот за Договорот за Брегзит и дека на почетокот од неделава ќе замине во Брисел на нови разговори. Тие се повикуваат на изјави на „министри и помошници“, според кои, Меј ќе објави дека го одлага гласањето. Како што наведува весникот многумина предвидуваат дека Парламентот нема да го поддржи договорот и министрите се загрижени дека „поразот на Меј“ може да доведе до пад на Владата.
“Сандеј Тајмс“ тврди дека по одлагањето на гласањето, за да ја добие поддршката од пратениците Меј ќе замине за Брисел за да напрви последен обид да ја убеди Европската унија за подобри услови во договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.