Го пасел добитокот во Батинци, а од автомобил со швајцарски регистарски ознаки било пукано кон него

На 11.04.2019 околу 18:10 часот во СВР Скопје, А.Р.(33) од село Батинци, Скопско, пријавил дека додека го напасувал добитокот во атар на село Батинци, на место викано „Поток“, од возило со швајцарски национални ознаки излегло лице кое пукало и го погодило неговото куче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.